Зошто Северина сака да се фотографира гола – еве што вели психотерапевт за тоа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Анлизирајќи ја потребата за фотографирање во разголено издание на јавните и славни личности, психотерапевтот Зоран Миливојевиќ дава психолошко објаснување за тој порив.

„Денес убавината е еден од доминантните и најценети вредносни параметри според кој луѓето се водат дури и кога стнаува збор за тоа да бидат успешни. Сметаат дека до среќа и успех можат да дојдат ако се убави. Дополнително, на јавната шоубизнис сцена има мноштво ликови кои за останатите (нивни обожаватели) се репер за убавина, па и за однесување. А ти често го покажуваат своето тело во разголено издание. Северина, на пример, е јавна и славна, успешна личност, која стекна слава и успех со пеење и убавинба – две клучни работи во случајов“, вели Миливојевиќ.

„Фотографиите од телото се документирање на телесниот изглед од еден период. Телесната убавина е минлива и се губи со текот на годините, минува низ фази на стареење, па луѓето сакаат да ги овековечат тие моменти на телесен изглед. Исто така, луѓето во приватниот живот сакаат да се сликаат голи, а тие фотки имаат еротска димензија, ако се разменуваат со партнерот. Тоа може да се смета и за нарцисоидност. Оние луѓе кои вложуваат многу труд, енергија и средства во својот физички изглед, убавина и тело, ако мислат дека токму тој адут им е главен и најдобар, постојано се фотографираат со цел да си ја задоволат таа сопствена фасцинација од своето тело“, објаснува Зоран.

Тој, дополнително, додава дека славните личности секогаш користат вакви компромитивни фотографии кога нивната слава и публицитет е во пад. Кога некои фаци не се во доволна мера центар на медиумско и јавно внимание, сами пуштаат материјали и приказни во медиумите, за да си го вратат вниманието врз себе.