Зошто се променува времето на часовникот?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од денеска официјално започна зимското сметање на времето, откако ноќеска стрелките на часовникот се поместија за еден час наназад.

Годишниот ритуал го означува и крајот на летното сметање на времето, кое започнува кога часовниците одат еден час напред кон крајот на март.

Од каде потекнува идејата за промена на часовниците, кој ја измислил оваа пракса и што луѓето мислат за сето ова?

Кој го измислил?

Оваа метода на заштеда на времето била воведена пред повеќе од еден век, како дел од Актот за летно време од 1916 година, што стапил на сила по кампањата на градежникот Вилијам Вилет, кој предложил часовникот да оди напред во пролет и да се враќа назад во зима за луѓето да заштедат енергија и да поминат подолго време на отворено во текот на денот.

Вилет напишал за неговиот предлог во леток наречен „Трошењето на дневната светлина“, објавен во 1907 година.

Додека британското летно време конечно било воведено за време на Првата светска војна, Вилет не била првата личност што ја измислил идејата за менување на времето за зачувување на дневната светлина.

Бенџамин Френклин, еден од основачите на САД, пишувал за идејата во сатирично писмо до уредникот на „Весникот на Париз“ во 1784 година.

И античките Римјани имале имплементирано сличен систем како средство за ефикасно користење на времето во текот на денот. Античките Римјани го поделиле денот во кој имало сончева светлина во 12 периоди со еднаква должина, што ги нарекувале „часови“. Овие часови варирале во должината, помеѓу 45 до 75 минути, во зависност од времето во годината.

Што мислат луѓето за менувањето на часот за зачувување на дневната светлина?

Иако многу луѓе можеби уживаат во идејата дека ќе имаат дополнителен час за спиење кога ќе се врати часовникот, некои сметаат дека оваа пракса треба да се прекине.

Претходно оваа година, Европската комисија спроведе анкета низ континентот, и доби одговор од 4.6 милиони луѓе. 84 отсто од учесниците во анкетата изјавија дека сакаат да се укине летното сметање.

Според претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, милиони луѓе сметаат дека во иднина треба да се придржуваме кон летното сметање на времето низ цела година.

Во септември предлогот беше презентиран од Комисијата за да се стави крај на сезонските промени во 2019 година, а на земјите-членки им беше дадена можност да одлучат за нивно стандардно време.

Некои луѓе тврдат дека менувањето на часовникот може да го зголеми ризикот од сообраќајни незгоди, затоа што повеќето луѓе возат во текот на темната есен и зимските вечери.

Извор: Факултети.мк