Зошто САМИ?! – Ова се петте предности од сингл статусот…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Немојте да дозволите да сте тажни и лути поради тоа што неодамна сте се разделиле со партнерот и мислите дека немате среќа во пронаоѓањето на вистинскиот.

На чело со слободата, постојат многу предности кои ги нуди статусот сингл, а еве дел од нив:

1. Чувство на независност

После некое време, ќе почнете да сфаќате дека непрестајната интеракција со другите луѓе не е потребна. Ќе ги откриете предностите на тоа да бидете сама со себе и вашата потполна слобода, и на никого да не му се правдате.

2. Без опрадувања

Повеќе не мора да му се извинувате на некој за секаква ситница. Тој терет конечно исчезна и немате притисок ниту непрестајна грижа околу зборовите и направените дела.

3. Уживање во друштво со други луѓе

После сите часови и денови поминати во мир, сами со себе, односите со другите луѓе ќе ги цените уште повеќе. Ќе имате чувство на благодарност за сите работи кои произлегуваат од вашиот однос со другите, за кои претходно не сте биле свесни, бидејќи непрестајно сте биле со друга личност.

4. Одмор од постојаниот труд

Врската некогаш станува исцрпувачка работа. Кога непрестајно се грижите за туѓа среќа, многу често заборавате на сопствената и станувате незадоволни. Кога вие сте главната личност во вашиот живот, станувате и единствената за која мора непрестајно да се трудите.

5. Без туѓи одобренија

Понекогаш имаме потреба некој да ги одобри нашите барања, без разлика дали е тоа партнерот, пријател или семејството. Нормално, сосема е во ред некогаш да прашате какво е нивното мислење или да побарате совет, но повеќето одлуки треба да ги донесете самостојно. Кога ќе почнете да поминувате повеќе време сами со себе, ќе научите да им верувате на сопствените инстинкти и многу полесно ќе донесувате одлуки.