Зошто партнерот ве изневерил? Погледнете што велат експертите за тоа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оние кои имаат лошо искуство во врската го знаат тоа чувство на немоќ и тага. Изневерувањето најмногу боли кога е од некој на кого сте му верувале.

И покрај тоа што често се зборува за причините за инзневерување, сепак секој случај е различен. Но експертите велат дека постојат причини поради кои луѓето најчесто изневеруваат.

Пробуваат да го „оживеат“ својот сексуален живот

Доста бизарен, но реален, вели експертот за врски Траци Цокс. „Во овој случај луѓето се одлучуваат за изневерување како последен обид за пробудување романтика и сексуална желба кај партнерот. Партнерот дознава, ќе биде скршен, но после тоа во најдобар случај сексот станува повторно добар. Врската ретко останува кај овој случај“, вели Цокс.

Сакаат да видат дали постои некој подобар

Ова е карактеристично за жените.  „Тие се одлучуваат за ова затоа што партнерот не ги задоволува нивните емоционални и сексуални потреби. Притоа го споредуваат стариот и новиот партнер да видат дали пропуштаат нешто“, вели Цокс.

Го присилуваат партнерот да си оди

Овде се работи за „стратегија“. Луѓето кои се одлучуваат за овој вид изневерување се надеваат дека партнерот ќе дознае и ќе ги остави. На тој начин лесно ќе раскинат со партнерот.

Одмазда

Многу едноставно – некои луѓе изневеруваат само затоа што тоа им го направил партнерот. „Ако тоа ви е единствен мотив за афера, тогаш сте успеале во намерата“, вели Цокс.

Криза која доаѓа во средните години

Можеби звучи како клише, но навистина е така. „Ако се пронаоѓате во ова, тогаш подобро купете скап автомобил и прескокнете ја аферата. Помалку ќе ве чини во конечниот исход“, вели експертот.

Желба за задоволување

Ако некој долго не искусил некој фетиш за кој сонува, големи се шансите дека ќе се одлучи да го направи тоа надвор од врската. „На луѓето им се чини дека е во ред да го направат тоа само еднаш, но често тоа излегува од контрола“.