Зошто ни е непријатно од звукот на сопствениот глас?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На повеќето луѓе им е непријатно и бизарно кога ќе си го чујат својот глас, а аверзијата кон сопствениот глас е толку вообичаена што за неа е воведен и стручен термин: соочување со сопствениот глас, пренесува The Guardian.

Но, зошто тоа често се случува кога човек ќе се соочи со сопствениот глас, а на гласовите од другите речиси и да не обраќа внимание?

Одговорот на тоа прашање често ни се сервира во медиумите, а поаѓа од тоа дека обично својот глас го слушаме додека зборуваме. Во тој процес примаме звук пренесен преку надворешен пат, односно преку воздухот, и звук пренесен преку внатрешен пат, поточно преку коските.

Таквиот проток на звук низ коските доставува богати ниски фреквенции кои не се содржани во звукот пренесен преку воздухот. Кога својот глас ќе го чуеме снимен, без тие фреквенции, ни звучи чудно и поразлично. Начелно, причината поради која не го сакаме својот снимен глас е фактот дека тој тогаш не ни звучи онака како што очекуваме.

Врска помеѓу гласот и идентитетот

Силке Полман, психолог која работи на Универзитетот во Есекс, нагаѓа дека токму тој факт создава во нас чувство на непријатност и одбивност кој сопствениот глас, поради распонот на она кое го слушаме и нашите внатрешни очекувања. Таа смета дека нашиот глас игра голема улога во формирањето на идентитетот, па поради тоа секој од нас се чувствува непријатно кога сфаќа дека гласот не му е таков каков што си го „знае“ и го замислил.

Некои истражувања покажаа дека таа теорија дава само делумно објаснување. Пример, во истражувањето објавено во 2013 година, испитаниците морале да ја оценат привлечноста на различни снимени гласовни примероци. Кога во тие примероци потајно бил додаден и нивниот глас, го оцениле со значително повисоки оценки отколку кога свесно би го препознале својот глас.

Згора на тоа, целосно објаснување на овој феномен може да се најде во раните студии објавени пред неколку децении.

Важноста на улогата на вонжичните елементи

Психолозите Фил Холземан и Клајд Роуси во своите експерменти од 1966 година заклучија дека соочувањето со сопствениот глас не се јавува само како разултат на разликата во очекувањето на фреквенцијата, туку и како необично откритие кое ни доаѓа на увид после спознавањето на сето она кое може да се пренеси со сопствениот глас.

После тоа, нашиот глас не звучи поразлично од нашите очекувања, туку ги открива нашите карактеристики кои во целост можеме да ги согледам дури откако ќе ја чуеме снимката од нашиот глас. Некои од тие аспекти се: нивото на анксиозност, неодлучноста, тагата и лутината.

Нивната следна студија покажала дека билингвалните луѓе кои научиле друг јазик после 16-та година во животот, изразиле поголема неудобност кога го чуле својот глас снимен на својот мајчин јазик.

Малку е веројатно дека другите во иста мера се изненадени од висината на тонот на нашиот глас како самите ние, а уште помалку веројатно е дека тие го перцепираат нашиот глас на ист начин како ние.

Ние немаме навика критички да ги перцепираме туѓите гласови, така што доста извесно е дека единствено ние самите размислуваме за нашиот глас, заклучува Guardian.