Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во последно време не сте расположени за секс, а и кога се случи повеќе не уживате како порано.
Најверојатно причината се крие во некој од овие примери
Ако не јадете доволно и постојано сте гладни, може да се случи лиидото да ви се намали. Со малото внесување на калории се намалува и внесувањето на енергија, што може да предизвика губење на „апетитот“ за оние работи.
Помалку сон
Доколку спиете помалку од пет часа во денот, доаѓа до намалување на лачење на машкиот полов хормон тестостерон, што води до намалување на сексуалните потреби. Недостатокот на сон е одговорен и за намалување на женското либидо.
Таблети за контрацепција
Студијата спроведена пред две години го потврди сомнежот дека таблетите за контрацепција кај жените ја намалуваат желбата за секс.
Прејадување
Доколку сте склони да се прејадете, место за жешки игри во креветот по обилна трпеза нема. Имено, внесувањето на намирници кои содржат премногу масти директно влијаат на помал доток на крв во половите органи.
Стрес
Дури 60% од жените открија во едно истражување дека заморот и стресот се главни виновници за намалување на сексуалната желба. Истиот пример се споменува и кај намалување на сексуалната желба кај мажите.
Депресија
Оваа ментална состојба многу влијае на либидото на личноста. Дури 70% од испитаниците кои ја искусиле оваа состојба истакнаа дека депресијата им придонесува во желбата за секс, а утврдено е дека некои од антидепресивите се одговорни за сексуалната дисфункција.
Анемија
Кај жените анемијата може да биде виновник за помалата потреба од секс. Решението е во поголемото внесување на железо во организмот.