Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако не секогаш останува време да седниме и изедеме здрав, рамномерен оброк, важно е барем да не се прескокнува оброкот.
Голема е шансата подоцна да се прејадете
Сте пропуштиле оброк? Кога конечно ќе најдете време тогаш најверојатно ќе изедете премногу затоа што сте биле многу гладни. Во најмногу од случаите тоа значи прејадување со брза храна или грицки кои се одразуваат негативно врз здравјето.
Пад на енергијата и шеќерот во крвта – чувствувате умор
На вашето тело му треба довлоно „гориво“, кое подоцна ќе го претвори во енергија. Нормално, тоа не значи дека секој ден треба да се јадат колачи. Но, прескокнувањето на оброк значи дека нема доволно гориво и со самото тоа вие се чувствувате уморни и без енергија.
Зголемен ризик од многу други заболувања
Студија која била спроведена од страна на Харвард открила дека луѓето кои прескокнуваат доручек се склони на срцеви заболувања. На вашето тело потребно му е комбинација од хранлици работи со цел да ги извршува комплицираните процеси. Исто така важно е да се држите во некој распоред за оброците, со цел вашето тело да знае кога и како да се прилагоди според ситуацијата.