Зошто натпреварите во Англија почнуваат во 13:00 часот?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Англиската Премиер лигата годишно само од ТВ права заработува повеќе од 2,2 милијарди евра. Натпреварите од Премиер лигата се пренесуваат буквално на сите континенти, па поради тоа и го носи епитетот „најпопуларна“ лига на светот.

Секој викенд истата шема. Сабота од 12 до 17:30 по англиско време, недела од 13:30 до 16:00 се термините за одигрување на лигашките натпревари во Премиер лигата.

Но дали сте се запрашале некогаш зошто Челзи – Арсенал, Ливерпул – Манчестер, Ливерпул – Еврертон, лондонското дерби, сите се играат во раниот термин?

Причината е едноставна и помалку бизарна: Помалку алкохол. Сите знаеме дека Англија со години имаше проблем со хулиганите, навивачи кои на трибините доаѓаат во алкохолизирана состојба. Тоа некогаш беше најголем проблем во англискиот фудбал.

Тој обичај за рани натпревари датира уште пред Маргарет Тачер, поточно од почетокот на седумдесетите години од минатиот век. Целта е натпреварите да се распределат што порано викендот, со цел да се намали консумацијата на алкохол, а со самото тоа да се намали е ескалацијата на насилство на улиците и стадионите.

Логиката е дека тешко е да се почне да се пие алкохол во раните часови, па затоа се избрани термините од 12:00 или 12:30 по англиско време….секако денес тоа е добро и од комерцијален аспект.