Зошто Меланија носеше црн превез кај папата и кои се седумте жени за кои не важи тоа правило


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Првата дама на САД, Меланија Трамп, за официјалната средба со папата облече црн фустан, а главата ја прекри со црн превез. Во слична комбинација со иста боја се појави и Иванка Трамп, бидејќи протоколот за средба со поглаварот на Католичката црква наложува дека жените мора да облечат црна облека и да се прекријат со превез.

Сепак, на светот постојат седум жени кои не мора да носат црно пред папата. Таа привилегија се вика le privilege du blanc, или privilegio del bianco на италијански, а ја имаат католичките кралици и принцези. Тие на средбите со папата, црковните миси и беатификациите имаат привилегија да носат бела облека.

Привилегијата на бело ја уживаат (не за секоја средба со папата): Шарлен од Монако, големата војвотка од Луксембург Марија Тереза, двете белгиски кралици – Матилда, сопругата на кралот Филип и Паола, неговата мајка, Софија од Грција, шпанската кралица Летиција и Марина, принцезата од Неапол.

Привилегијата не е одобрена за жените од сите католички монархии или жените од некатолички монарси. Иако се со католичка вероисповед, привилегијата не им е одобрена на кралот на Лесото или сопругата на принцот од Лихтенштајн. Исто така, до 2013 година, ова право не беше одобрено и за принцот од Монако. Привилегијата не е одобрена ниту за кралицата Максима од Холандија, која е католичка сопруга на протестантскиот крал Вилем Александер.

Шпанските кралици и принцези, покрај привилегијата да носат бело, можат да носат и украс за коса во форма на голем свод кој се прекрива со бел превез.

Правилото на црн фустан и превез го почитуваа и повеќето жени државнички и политичарки кои биле на средба со папата, а меѓу нив и бившата прва дама на САД, Мишел Обама.

Сепак, во последните години тоа правило е малку „поопуштено“, пишува британски Телеграф, па на пример, премиерката Ангела Меркел, Камила Паркер Баулс, па дури и Сања, сопругата на бившиот премиер на Хрватска, Орешковиќ, пред папата се појавија без превез на главата, а некои не ни носеа црни фустани.