Зошто мајката од Меган Маркл седеше сама во вториот ред?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Изминатата кралска венчавка уште е под лупа на медиумите и јавноста и се анализираат и толкуваат сите можни детали поврзани со истата.

Меѓу другото, во јавноста прашина крена и прашањето зошто мајката од Меган Маркл на венчавката од нејзината ќерка со принцот Хари седеше сама во втор ред за време на венчалната процесија, на кое по социјалните мрежи и медиумите се пласираа еден куп претпоставки и одговори.

Според познавачот и експерт за британското кралско семејство, Алистер Брус, за местата на кои седат гостите во црквата одлучува младиот брачен пар. Па, така, Дорија Рагленд седеше во втор ред, каде секогаш беа фокусирани камерите, дури и кога ги снимаа Меган и Хари.

И додека едни коментираа дека на тоа место седела бидејќи морало да биде видена, други забележаа дека од спротивната страна на мајката од Меган седеше кралицата Елизабета II, па тие две претставувале симбол на моќ, елгенација и сила.

Мајката на новопечената војвотка седеше сама затоа што таа беше единствениот претставник на поблиското семејство од Меган, пишува Huffington Post.

Фотографијата на која Дорија пушта солза поради среќата на својата ќерка, не водејќи сметка за камерите и милионите луѓе кои ја гледаат медиумски, го обиколи светот и оваа силна жена стана ново олицетворение на моќта и силата на сите самохрани мајки.