Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Почитувани, да, утринава во домот на моите родители во Струмица е извршен претрес и после неколку часа мојот татко Андони (75) е донесен во Скопје и приведен во полициската станица во Гази Баба. До овој момент со него не разговарал полициски инспектор, обвинител или судија! Ви благодарам на подршката на сите вас кои денес од раните утрински часови бевте со мене и моето семејство.Да сте живи и здрави. Се гледаме за помалку од час во Кино Милениум.Татко ми со мислите ќе биде со сите нас!“, напиша режисерот Јани Бојаџи на својот Фејсбук профил пред нешто повеќе од два часа.
Засега нема информации зошто е уапсен таткото на режисерот на филмот „Ругање со Христос“ кој крена голема медиумска и институционална „прашина“.