Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Не е ни до пакосниот поглед, ни до незаинтересираноста, ниту пак до агресивниот став.
Детската интуиција и нивниот инстинкт сосема добро функциониаат кога треба да одберат кому да му пријдат со насмевка, а кому уште малку повеќе ќе му подзабегаат во безбедната мајчина прегратка.
Лицата кои немаат високо мислење за себеси, кои не се сметаат за доволно привлечни, таа порака интуитивно ќе му ја пренесат на детето, па не е ни чудно што тоа ќе почувствува недоверба кон личноста која и самата не си верува доволно себеси.
До ваков логичен заклучок дојдоа експертите од неколку кинески универзитети кои за таа истражувачка цел собраа повеќе од сто луѓе, возрасни и деца, и им зададоа едноставна задача да ги оценат личностите врз основа на сликата која им е прикажана.
Во првиот тест го оценувале нивото на доверба која ја чувствуваат кон лицето на сликата, а во другиот тест нивната атрактивност. Заеднички заклучок е дека и децата и возрасните покажале релативно слични проценки. Единствена мала разлика која се истакнува меѓу нив е дека и младите и возрасните биле склони да им дадат нешто повисоки оценки на „лицата од сликите“ кои биле отприлика на нивна возраст.
Но, бидејќи самата атрактивност не може да се сведе под заеднички именител, бидејќи секој од нас има различен поим за тоа што е атрактивност, симболичен е оној заклучок дека луѓето едноставно чувствуваат нечија атрактивност низ призмата на своето поимање на самиот себе.
А тоа дефинитивно значи дека луѓето кои покажуваат многу повеќе оптимизам, кои се позадоволни од самите себе, насмевнати и отворени, навистина делуваат попривлечно и поатрактивно. И кога некој нам ни е многу атрактивен, за него обично мислиме дека е квалитетна личност, успешна, талентирана и самоуверена. А тоа не привлекува како магнет.
Исто така, беше докажано дека девојчињата се нешто поинтуитивни од момчињата.
Оттука, истражувачите апелираат дека кога се чудите зошто вашето дете бега од одредени личности, знајте дека тоа е затоа што веројатно таа личност добро го прикрива своето лично мислење за себеси.
Нас возрасните можеби некој може и да не измами со својата широка насмевка, или ќе сфатиме зошто одредена личност кон себе е таква каква што е, но децата тоа сигурно нема да ги „измами“.