Зошто да студирам на семејни студии?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Студиската програма за додипломски студии по семејни студии интердисциплинарно е насочена кон изучување теми кои произлегуваат од секојдневниот живот. Тие вклучуваат изучување на аспекти на семејниот живот, но и како се менуваат поединците, семејствата во текот на еден животен циклус, како законот и политиките влијаат врз семејствата и слично.  Се изучуваат развојот на личноста и семејството, семејните врски, родителството, одлучувањето, планирањето на семејството, планирање на користењето на семејните ресурси, исхраната, облеката, домаќинството и личното здравје.  На институционално рамниште семејството се разгледува од перспективата на глобалното општество, односно на институционалната поврзаност на семејството со глобалниот општествен систем и неговите потсистеми. На ова рамниште се разгледуваат специфичните и историските видови на семејните модели, но се разгледува и менливоста на семејните форми во контекст на конкретните социо-економски, правно-политички и културно услови. Ваквиот пристап се надополнува и со анализа на семејството на ниво на група и на индивидуално ниво.

Предметите од студиската програма  им овозможува на идните студенти да развијат критички и креативни вештини и да се стекнат со искуство потребно за развивање на практични вештини и разбирање. Овие вештини се насочени кон подобрување на квалитетот на живот преку остварување, интеграција, примена и ширење на знаењето за животниот циклус, односите, семејствата и заедниците и нивното значење во поширок социјален контекст.

Студентите се оспособиваат за опсервација, развивање и имплементација на програми и стручно разбирање на политиките кои се поврзани со семејството (семејните, образовните, социјалните, здравствените и сл). Се изучуваат теоретските перспективи во истражувањето за семејството (студентите се запознаваат со главните теоретски рамки кои се користат за да се објаснат варијациите во семејниот животен век, фертилтиет, морталитетот, миграциите) итн. Програмата, исто така, вклучува истражување на разновидност во начинот на кој лицата се развиваат во рамките на нивните семејни и социјални контексти.

Каде можат да се вработат идните семејнолози?

  • Владините институции кои во својата работа на било кој начин го препознаваат и го вклучуваат семејството и креираат политики, стратегии, оперативни планови и други релевантни документи
  • Образовни институции кои вршат различни степени на едукација,
  • Агенции и организации кои работат со деца и адолесценти, вклучувајќи и центри за социјална работа, болници, библиотеки, музеи;
  • Истражувачки центри од областа на семејството и семејните односи;
  • Младински центри чии програми се однесуваат на проблемите како малолетничка бременост, злоупотреба на дрога и други психотропни супстанци и сл.;
  • Предбрачни и брачни советувалишта;
  • Центри за планирање на семејството;
  • Здравствени институции (јавни и приватни);
  • Центри за истражувања на развојот на семејството и семејните односи;
  • Невладини организации во чиј фокус на интерес се децата и заштитата на нивните права;
  • Домови за деца без родители и штитенци;
  • Домови за стари лица;
  • Матична служба;

Кои се работните места?

  • Семеен едукатор во градинки, основни и средни училишта;
  • Стручен соработник по семејни односи во владини институции;
  • Стручен соработник по семејни односи во невладини организации;
  • Стручен соработник по семејни односи во Агенциите и институциите;
  • Стручен соработник во младински центри;
  • Семејнолог во истражувачки центри од областа на семејството и семејните односи и други центри кои во својата работа на било кој начин го препознавата и го вклучуваат семејството и креираат политики, стратегии, оперативни планови и други релевантни документи;
  • Стручен соработник во предбрачните и брачните советувалишта;
  • Стручен соработник за млади;
  • Стручен соработник во центрите за планирање на семејство;
  • Стручен соработник во младински центри;
  • Стручен соработник во домовите за грижа на стари лица;
  • Матичар.

Институт за семејни студии, Филозофски факултет