Зошто Британците возат од лева страна?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кураторот во Британскиот музеј за мотори, Стивен Леинг, за ВВС говореше за прашањето кое го поставуваат многумина кои пар пат слушаат или гледаат дека во Велика Британија се вози од лева страна на патот.

Како што вели тој, ова правило датира од времето на Римјаните.

„Повеќето луѓе се деснаци, а левата рака обично ја користеле за водење на коњите, бидејќи десната им требала за борба“, исктанува Стивен. „Во тоа време војските марширале од левата страна, а таа конвенција останала од тој период“.

Авторот Жил Чемпен вели дека со британскиот Закон за патишта од 1835 година се утврдило дека во таа земја и во нејзините колонии се вози од лева страна.

„Правилото е извезено, на пример, и во Јапонија, каде британските инженери работеле на железниците, па таму имаат сличен закон за патнички возила“, наведува Жил. Покрај Јапонците, многу земји на кои Лондон имал големо историско влијание (државите од Јужна Африка, Австралија, Индија и други), исто така го прифатиле овој режим на возење.

Сепак, во поголем број од земјите ширум светот се вози од десна страна, а тоа правило води потекло од периодот кога се користеле коли влечени од волови.

Кон крајот на 1700-те години бројот на запрежни коли кои ги влечеле два вола почнал да расте. Во таквите коли кочијашот седел на левата страна, за полесно да управува со камшикот со десната рака. Затоа десната страна е оптимална страна на патиштата за движење со запрежни коли, бидејќи така се намалува можноста за судирање поради немање доволно добро чувство за дистанца помеѓу колите од страна на тие кои ги управувале.

Британската влада во 1969 година излегла со план за премин на режим на возење од десната страна на патиштата, но предлогот бил набрзо отфрлен поради превисоките трошоци за реализација на таквиот потфат – околу 4 милијарди денешни фунти.