Advertisements
Екстра

Зошто беа потребни 500 години да се заврши последната скулптура од Леонардо да Винчи?

На 2 мај, 1519 година, на 67-годишна возраст, уметничкиот и иноваторски гениј Леонардо да Винчи починал во францускиот град Амбоаз (каде е и неговото последно почивалуште) пред да успее да ја заврши неговата последа скулптура, масивен бронзен коњ, која нема да го види светлото на јавноста дури до 20. век.

На барање од Лудовико Сфорца, идниот војвода на Милано, во 1482 година, Леонардо да Винчи почнал да работи на идејата за скулптура која би требало да биде најголемата и најмасивна статуа на коњ во светот. Леонардо направи скици и цртежи од коњите кои ги имал Сфорца во неговата штала, од кои дизајнирал 7,3 метри висок глинен модел за идната најголема статуа на коњ во светот.

Работен цртеж за идната скулпутра

Леонардо сакал да го излие коњот во еден зафат и за таа цел изработил гипсени калапи со кои ќе можел да ја излие скулптурата во еден процес на лиење. Во овој иновативен и револуционерен процес, инвертирачките калапи требало да бидат закопани помеѓу две печки и исполенти со бронза за да се добие саканата скулптура.

Војна VS. уметност

Планот за изработка на оваа скулптура бил готов, но војната која избила со Франција го зафатила и Милано во 1499 година. На Сфорца тогаш бронзата му била потребна за изработка на оружје, па материјалот од кој требало да се изработи скулптурата бил пренаменет за изработка на топови.

Лудовико Сфорца

Французите го поразиле Милано, ја окупирале земјата на Сфорца и ја уништиле глинената макета според која требало да се изработи најголемиот бронзен коњ на светот во тоа време.

Но, за среќа, цртежите, скиците и плановите од Леонардо за изработка на оваа скулптура преживеале. За несреќа, уметникот починал во 1519 година, пред „Il Gran Cavallo“ да биде изработен и претставен на светот.

Коњ на подарок за светот

Речиси 500 години подоцна, инспириран од статија на National Geographic од 1977 година со наслов „Коњот кој никогаш не го бидна“ („The Horse That Never Was“), американскиот уметнички покровител Чарлс Ц. Дент си го зададе како животен предизвик да ја издигне фамозната последна скулптура од Леонардо.

Чарлс Ц. Дент

После смртта на Дент во 1994 година, скулпторот Нина Акаму ги изваде од заборав плановите на Леонардо и во 1999 година, во целосни, оригинални димензии, ја откри пред светот 15 тона тешката бронзена скулптура на коњ, која денес е истакната во Милано, Италија.

Пет реплики од оваа оригинална верзија се изложени во музеите ширум светот.

Advertisements
To Top