ЗОШТО АВИОНОТ НА „ВИЗ ЕР“ ОД СКОПЈЕ ЗА ТРЕВИЗО ПОЛЕТА И ЗА ЕДЕН ЧАС СЕ ВРАТИ НАЗАД?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Авионот на авиопревозникот „Виз Ер“, кој денес требаше да има рутински лет до Тревизо, по еден час од полетувањето се врати назад, без притоа од авио-компанијата да дадат објаснување што точно се случило со леталото што го вратило на скопскиот аеродром.

Дополнително, од „Виз Ер“ за наредниот лет го сменил авионот. Претходно, тој што се вратил по еден час од полетувањето бил HA-LYH, кој потоа бил сменет со HA-LWH.

Дали од авиопревозникот се обиделе да скријат дека станува збор за лош авион, бидејќи на клиентите кои се јавувале да прашаат што се случува со летот кој го чекаат, не им била откриена реалната ситуација дека авионот полетал и се вратил, туку им било кажано дека авионот не полетал поради технички проблеми.

Очигледно нешто треба(ло) да биде сокриено од јавноста, но за што точно станува збор, останува евентуално да стигнат подетални информации.