Зошто 1,3 милијарди Кинези живеат десно од оваа линија, а повеќе од пола Кина, тој дел лево, е скоро празна?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бројот на кинеската популација од речиси 1,4 милијарди луѓе е доста реален факт. Изненадувачки факт е тоа што 94% од овие луѓе живее во источната половина од земјата, додека западната е пустелија.

Линијата што ја дели Кина почнува од замрзнатиот Хеихи на северот и завршува во тропскиот Тенгчон на југот, и на исток од нејзе живеат над 1,3 милијарди Кинези.

Во останатите 57% од територијата на земјата, на запад од оваа линија се сместени преостанатите 6%, или неполни 100 милиони луѓе, од населението.

И оваа состојба е со векови ваква.