Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денес премиерот на Република Македонија, Зоран Заев беше во посета на Прилеп. Тој од таму порача дека постои можност за нови предвремени избори.
Се додека има мнозинство во Собранието, без разлика колку тенко е тоа предвремени избори нема да има, изјави денеска во Прилеп премиерот Заев. Сепак, тој ја остави отворена можноста предвремените избори сепак да се случат. Потенцираше дека тоа веројатно нема да биде идната 2018 година, но не треба да биде изненадување доколку заедно со претседателските избори се организираат и предвремени парламентарни избори.
Тенкото мнозинството на СДСМ, ДУИ и останатите сателити во Собранието често прави проблеми кога законите ќе дојдат за гласање. Така беше и вчера кога мораше пратеничка која е на боледување на биде донесена во Собранието за да се избере нов Јавен обвинител но и нови министри и заменици.