Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по завршувањето на Централниот одбор ги соопшти имињата, кои ги предлага за министри во новата Влада.
Како министри во новата реформска Влада предложени се:
Радмила Шеќеринска – министерка за одбрана,
Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи,
Драган Тевдовски – министер за финансии,
Никола Димитров – министер за надворешни,
Рената Десковска – министерка за образование,
Љупчо Николовски – министер за земјоделство,
Мила Царовска – министерка труд и социјала,
Роберт Алаѓозовски – министер за култура,
Дамјан Манчевски – министер за информатичко општество и администрација,
Горан Сугарески – министер за транспорт и врски.
Министри без ресор се: Кочо Аѓушев, Роберт Поповски, Едмонд Адеми, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зорица Апостоловска, Зоран Шаповиќ. Заeв изјави дека од новите министри очекува решенија и секој да понесе одговорност.