Зоран Милески Кичеец денес замина на отслужување на затворската казна – многу веројатно ќе добие тип А затворски третман


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Обвинетиот и осуден во случајот „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец, денеска влегол во затворот во Струга. Тој неодамна доби упатен акт со денешен датум, по што утринава самиот пристигнал во затворот, пренесува Фокус.

Информацијата за „Фокус“ ја потврди Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување санкции. Тој додава дека Милевски одреден период ќе биде во приемното одделение, за да се одреди каде ќе биде сместен, но и поради протоколот за Ковид-19.

Бидејќи затворот во Струга е од отворен вид, многу е веројатно Кичеец само две недели да биде по 24 часа во затворот, а потоа доколку е работно ангажиран, да му биде дозволено да оди на работа, а по завршувањето на работното време повторно да се враќа во ќелија.

-Многу е веројатно да добие третман од А тип, бидејќи тоа го добиваат осуденици кои за прв пат се осудени, не се води друга кривична постапка против нив, а се работно ангажирани, појаснува Стојановиќ.

Кичеец по признание на вина за случајот „Рекет“ беше осуден на затворска казна од три години, но тој треба да одлежи уште две, бидејќи околу една година помина во притвор