Зоран и Зорица Заеви на прием кај Доналд и Меланија Трамп


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во рамки на дипломатската посета на Њујорк, македонскиот премиер Зоран Заев, во друштво на сопругата Зорица Заева, беа на прием кај првиот човек на САД, претседателот Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија Трамп.

Зорица Заева избра црн комплет, со гердан бисери и црвен кармин како моден додаток. Во црн комбинезон беше и Меланија Трамп. Пригодата бара едноставни црни салонки со висока потпетица, како што секогаш избира првата дама на САД.

Премиерот Заев и во оваа прилика избра елегантен црн костум со сина вратоврска исто како и американскиот претседател кој ја искомбинира со тегет костум.

Претседателскиот пар Трамп ги нагостија и другите високи гости од регионот како хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.