Зоран Фаци: Тоше го осети на сопствена кожа тоа што денес Тамара го преживува


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Со Фејсбук статус естрадниот новинар Зоран Фаци Василевски се огласи во врска со (сè уште) актуелниот медиумски скандал со погрешното интонирање на македонската химна од страна на Тамара Тодевска.

„Тамара моментално е мета на јавен линч, сакате крв? Сакате одмазда? Сакате да глумите патриоти? Не ви е ова прв пат, историјата се повторува. Еве јас се дрзнувам како естраден новинар со стаж од 14 години во естрадата да ви кажам каков народ сме..

Кога Тоше Проески почнуваше кариера го осети на сопствената кожа што денес Тамара го преживува Тоше беше исфиркуван на настапите, во Штип на еден настап дури и се обидоа да го тепаат, го плукаа и го нарекуваа со најгнасни навреди..Крушевски педер, бисекуалец кој сака и мажи, а со девојки одел за да покрие трагови, наркоман навлечен на кокаин, му ги бушеа гумите од колата и што уште не. Дури и кучето Бас од расата сибирски самојед што си го чуваше како миленик му го отруја во родното Крушесо. Само тогаш немаше социјални мрежи како денес, па се изгледаше во блага форма. Кога тој почина, наеднаш сите го сакаме, он за нас е идол и светец. Кое лицемерие, Новинарите како мене кои ја имаа таа среќа да соработуваат со Тоше, знаат колку беше несреќем заради тоа. Вистински несреќен…Така што Тамара ќе ги издржи вашите навреди и зли јазици, не заборавајте таа е мајка на две малолетни дечиња, како не се засрамите , имате ли чувства? СТОКИ.“