Зоран Ангеловски едногласно предложен за директор на ОТА


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Собраниската Комисија за избори и именување го избра поранешниот разузнавач Зоран Ангеловски за директор на Оперативно техничката агенција (ОТА) во која треба да се пресели опремата за следење на комуникациите, која досега беше во Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

По изборот во Комисијата, следува гласање на пленарна седница во Собранието.

Законот за ОТА (Оперативно техничка агенција) беше донесен на 12 април и е дел од реформските закони од планот „3-6-9“. ОТА треба да почне со работа во ноември годинава и со нејзината работа треба да се гарантира дека нема да има незаконско прислушување.

Извор: Мета