Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скопскиот кривичен суд го укина затворскиот притвор за еден од тројцата осомничени во истрагата „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец. Според судот, новата мерка за обезбедување на негово присуство е куќен притвор, на што било согласно и ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, пренесува 360 степени.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на одбраната на З.М., опфатен во предметот во јавноста познат како „Рекет“, за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор од 19.09.2019, истиот го достави на мислење кај надлежен јавен обвинител. Денеска (24.09.2019 год.), по добиено позитивно мислење од обвинителството, предлогот на одбраната да биде уважен како основан, судијата на претходна постапка, согласно Законските одредби, донесе решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор“, се вели во соопштението на Основниот суд Скопје 1.
Според судот, жалбата на ваквото решение не го одлага неговото извршување, што значи дека Кичеец веднаш ќе биде спроводен на издржување на мерката куќен притвор во неговиот дом.
За разлика од Зоран Милески-Кичеец, судот а и обвинителството досега не се согласија со барањата за укинување на затворскиот притвор на другите двајца осомничени во случајот, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски познат како Боки 13.