Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во рамки на случајот „Таргет Тврдина“ воден од СЈО, поврзан со нелегалното колективно прислушување од страна на УБК, во Кривичен суд денес беше презентиран како доказ меморискиот уред на кој сведокот Зоран Костовски ги преснимил материјалите од УБК во случајот за масовното прислушување.
Обвинетите Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска, заедно со останатите обвинети во овој случај, на големи два екрани во судницата го следеа сведочењето на Костовски, кој објаснуваше што значат кратенките и логовите во системот. Заев, како што рече Костовски, бил следен под псевдоним „Зо За“. Костовски рече дека насоките со кои биле следени граѓаните биле заведувани со имиња, како на пример „табори“, пренесува Макфакс.
Меморискиот диск бил одземен од Костовски и бил доказ во предметот „Пуч“. По наредба на ексначалникот на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, биле извадени материјали од 5-6 цедеа.
Адвокатите на Сашо Мијалков реагираа дека сведокот Костовски не смее да го презентира доказот. Адвокатот Љупчо Шврговски кажа дека овој доказ бил користен против Костовски, како обвинет во случајот „Пуч“.