Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од Здружението на новинари на Македонија упатија серија критики за односот и настапот кон новинарите од страна на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, на прес-конференцијата која тој сам ја закажа.
„Непримерениот и дрзок однос проследен со закани за тужби за клевети кон новинари ја засени денешната прес конференција која ја одржа Драги Рашковски, Генералниот секретар на Владата на Северна Република Македонија. Ваквите директни закани за иницирање на судски постапки кон новинари од страна на високи претставници на Владата претставуваат притиок кон новинарите што може да резултира со самоцензура. Генералниот секретар на Владата Рашковски, потребно е да знае дека со неодговарањето на новинарски прашања на прес конференција, кој пак тој самиот ја организира но и со дрскиот однос кон поедини новинари присутни на овој настан, го нарушува и концептот на отвореност и транспарентност која Владата се обидува да го застапува.
Го потсетуваме Рашковски дека доколку не е задоволен од етичките стандарди на конкретен новинарски или медиумски производ може да упати претставка до медиумските саморегулативни тела. Високите претставници на Владата но и воопшто од страна јавните личности пред се од политиката, потребно е да имаат повисок праг на толеранција кога кон нив се упатува критика од страна на новинарите. Тие потребно е да знаат дека тужбите за клевета и навреда кон новинари е непопуларен метод кој се користеше во минатото кој негативно се одразуваше на слободата на изразување и придонесуваше Македонија да биде ниско оценувана на светските индекси за слободата на медиумите.“ – реагираат од АВМУ и ЗНМ.