Знамето на САД пред амбасадата во Скопје на половина копје во знак на жал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во знак на жал заради трагично загинатите жртви во вчерашната автобуска несреќа, знамето на САД пред американската амбасада во Скопје денес и утре ќе биде симнато на пола копје.

Американската амбасада изразува најдлабоко сочувство на фамилиите на лицата кои ги загубија животите во оваа несреќа и им посакува побрзо закрепнување на повредените лица.