Знаме од „Голема Албанија“ закачено карши хотелот во кој престојува Вучиќ во Давос


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На зграда карши хотелот во кој престојува српскиот претседател Александар Вучиќ во Давос е закачено знаме на „голема Албанија“, јавува Н1.

Покрај тоа знаме закачено е и знаме на Косово.

Во швајцарски Давос овие денови се одржува Светскиот економски форум.

Форум е место каде водечките светски политичари имаат средби со претставници на меѓународните организации, на финансиските институции и водечките глобални компании.