Знаете ли зошто авионите се бели?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите од Меѓународната асоцијација за авио транспорт, во текот на минатата година се извршени 3.77 милијарди летови.

Оваа бројка покажува дека бројот на летови е дуплиран во однос на периодот од пред 12 години.

Како што може да забележеме скоро сите авиони се бели, а многу луѓе не знаат зошто е тоа така.

Исто како што е случајот со белите маици, белата боја има термална предност која се користи и за авионите. Белата боја ја рефлектира сончевата светлина и скоро целата светлина која паѓа на него, додека другите бои абсорбираат одредена количина на светлина. Белата боја го спречува прегревањето на авионот, а поради таа боја тој и полесно се лади.

Постојат и безбедносни причини, бидејчи на белите авиони лесно е да се воочат пукнатините и вдлабнатините.

Исто така, белата боја е подобра и визуелно, бидејќи полесно може да се забележе во случај на несреќа.