Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според студијата напревена во 2008 година одредени состојки во амарантот помагаат при регулирањето на високиот крвен притисок, како и ублажувањето на запаленијата во организмот кои обично ги следат хронични заболувања како дијабетис и срцеви болести.
Исто така, руските научници уште во 1996 година утврдиле дека амарантот е прекрасна намирница која треба секојдневно да се корсти како дел од исхраната, особено кај лица кои страдаат од кардиоваскуларни заболувања, бидејќи делува на намалувањето на холестеролот и триглицеридите.
Амарант е билка кој не спаѓа во житните култури, но ги има нивните својства и се користи на сличен начин.
Семето на амарант не содржи глутен, може да се додава во чорба, со него да се готват јадења и салати, како и да се прави брашно. Во 100 грама зготвен амарант има само 102 калории, четири грама протеин и два грама влакна.
Амарант е исклучително богат со минерали.