Значително зголемено количество на пластичен отпад – уште една црн ефект од пандемијата на коронавирусот во светски рамки


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Пандемијата која ја предизвика коронавирусот доведе до значително зголемување на количеството пластичен отпад низ целиот свет, објави во понеделникот германската новинска агенција ДПА.

Според една проценка, околу 8,4 милиони тони пластичен отпад во 193 земји биле генерирани за време на пандемијата до август, пишуваат експерти од Кинеската академија на науките во Зборникот на Националната академија на науките на САД (ПНАС).

За споредба, според Програмата за животна средина на ОН УНЕП, човечкиот вид произведува околу 300 милиони тони пластичен отпад годишно.

Тим научници предводени од Јиминг Пенг и Пеипеи Ву проценуваат дека најголем дел од пластичниот отпад произведен за време на пандемијата на коронавирусот доаѓа од болниците, околу 87,4 проценти, особено во азиските земји.

Маските и другата заштитна опрема за лична употреба сочинуваат 7,6 отсто од отпадот, се вели во студијата објавена во понеделникот.

Дополнителен отпад сочинува и амбалажата во која се доставуваат нарачките направени преку интернет, со 4,7 проценти.

„Пластичниот отпад му штети на морскиот живот и стана главен еколошки проблем“, пишуваат научниците.

„Пандемијата на ковид-19 доведе до зголемена побарувачка за пластиката за еднократна употреба, што го зголемува притисокот врз глобалниот проблем со пластиката, кој веќе е надвор од контрола“, додаваат тие.

Досега во светските океани влегле 25.000 тони пластика создадена од пандемијата. Ова претставува долгорочен проблем за морската средина.

Научниците повикаа на подобро справување со проблемот со медицинскиот отпад за време на пандемијата, особено во земјите во развој.