Знаат како да ви земат што повеќе пари: Apple „сликовница“ од 300 долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Apple пронајде уште еден начин како на своите најголеми и напосветени фанови да им извлече уште некој грош од џебот, а овој пат станува за книга.

Поточно, станува збор за две книги со наслов Designed by Apple in California, а како што е случај со сите други нивни производи, и овој доаѓа во две верзии. Поголемата чини 300 долари, а помалата 200 долари.

Внатре се наоѓаат 450 фотографии од старите и новите „гаџети“ кои ги фотографираше Ендру Закерберг, а се тврдо вкоричени во формат на бела книга и посветени на починатиот Стив Џобс.

17-11-apple_book1

„Иако станува збор за книга посветена на дизајнот, таа не се занимава со тимот дизајнери, креативниот процес, ниту пак со развојот на производите. Ова е објективен пресек и приказ на нашата работа кој, иронично, не опишува кои сме ние. Го опишува начинот на кој работиме, зборува за нашите вредности, интереси и цели. Отсекогаш сме се надевале дека нас ќе не дефинира она кое го работиме, а не она кое го говориме“, вели Џонатан Ајви.

Иако некои сметаат дека оваа книга е уште еден доказ дека компанијата го изгубила компасот и го прави она кое Стив Џобс никогаш не би го направил, Ајви тврди дека за издавањето на ваква книга се размислувало уште додека Џобс беше жив. Во интервју за Wallpaper, Ајви откри уште еден интересен детал – Apple нема архива од сопствените производи.

„Голем дел од производите кои можете да ги видите во книгата ние ги немаме и бевме принудени да ги купиме“, објаснува тој.

Колку и да се чини бесмислено, Apple веројатно ќе пронајде купувачи за нивната сликовница, бидејќи и покрај повремените слаби резултати, последните неколку години бизнисот им оди добро.

1. Apple III

17-11-apple_book2

Секој примерок од овој производ кој се најде на пазарот требаше да биде поправан, а компјутерите се прегреваа бидејќи немаа отвори за ладење и вентилација (на што Џобс тогаш инсистирал). Тоа резултираше со разорни хардверски штети и дефекти. Еден од начините на кој можеше да се „поправи“ компјутерот беше малку да го подигнете истиот и да го потфрлите, за чиповите да се вратат на вистинското место. Секако, и покрај овие пропусти, уредот беше прескап.

2. iPod Shuffle (трета генерација)

17-11-apple_book3

Да нема забуни, Shuffle е добар mp3 плеер. Првите две генерации беа супер, но третата имаше целосно бесмислен принцип на контрола кој од уредот беше целосно префрлен на слушалките. Пример, со два клика се префрлате на следната песна, три клика во првите шест секунди од песната ве префрлаа на претходната и така натаму. Тоа беше хаос од комплицирани команди и доказ дека Apple се упорни во своите опсесии со минимализам дури и тогаш кога тоа нема никаква смисла.

3. Pippin

SONY DSC

Ако не сте знаеле, Apple имаа и сопствена конзола. На пазарот се појави во 1996 година, а намерите им беа најдобри – воведување online игри, но превисоката цена од 600 долари и фактот дека конзолата не беше ништо подобра од далеку поевтините конкуренции, резултираше со целосен неуспех.

4. Обични и безжични слушалки

17-11-apple_book5

Популарните „бубачки“ сами по себе се непрактичен производ, но за компанија која толку се грижи околу сопствените дизајнерски решенија, EarPods и AirPods беа неописливо лошо дизајнирани слушајки. Испаѓаа од ушите, лесно се кршеа, немаа добра репродукција на звук, а цената им беше превисока, посебно на вторите.

5. Apple Maps

17-11-apple_book6

Apple се обиде да упадне и на теренот од Google и целосно да ги засени. Конечниот резултат? Исклучително лоши и непрецизни мапи кои ве водеа на погрешни места. Конечниот производ беше толку катастрофално лош што дури и од Apple на своите корисници им сугерираа да се држат до производот на Google.

6. Бесплатен музички албум од U2

17-11-apple_book7

Apple многу малку работи ги дава беспари, или поточно речиси ништо не дава беспари. Кога еднаш решија да го направат тоа, ви подарија музички албум кој никој ниту го бараше, ниту го сакаше на својот уред. Вистина, луѓето малку пребурно реагираа на најобичен албум, но и компанијата непотребно ја иницираше расправата за тоа што сè може да вметнува во проиводите без знаење на корисниците.

7. Quick Take

17-11-apple_book8

Уште во средината на ’90-те Apple се обиде да влезе на релативно новиот пазар за дигитални камери. Немаа успех во тоа. Сакаа да докажат дека се пред времето, и тоа им појде од рака во извесна мера. Што се однесува на квалитетот на фотографиите, тоа беше очајно.

8. Кабли

17-11-apple_book9

Неверојатно е колку каблите од Apple уредите се со лош квалитет. Секој кој барем еднаш користел производ од Apple, добро знае дека за неколку месеци ќе мора да купува нов кабел или барем една од многубројните и далеку поевтини варијанти кои ги има на широкиот пазар, а кои, грубо кажано, траат подолго од оригиналот.

9. Apple Watch

17-11-apple_book10

Колку и да се трудеа од Apple својот паметен часовник да го претстават како нешто револуционерно, на луѓето едноставно не им беше гајле за тоа. Apple Smart Watch, во најдобар случај, се само симпатична и проклето скапа играчка. Затоа и продажбата одеше толку слабо, што од компанијата бројките за истата ги прикажуваа во комбинација со оние од Apple TV, iPod и други додатоци.

10. Реченицата „Овогодинешниот iPhone е најдобар досега“17-11-apple_book11

Еден од најсмешните обиди да не убедат во квалитетот на нивните уреди е „мантрата“ што ја мантраат на секоја презентација, неуморно повторувајќи дека најновиот iPhone е нивниот најдобар производ досега. Секако дека ќе биде најдобар досега, оти е најнов, нели? Каков би можел да биде, освен најдобар? Нема веројатно да биде полош и послаб, а поскап од претходнико?Проблемот лежи во тоа што оваа упорно повторувана реченица не е доволно силна причина за да не убедат дека нивниот најнов производ ни е потребен. Сепак, иако е најдобар, што е нормално, тој е само незначително подобар од неговиот претходник.