Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Јавна соба“ е новата афера која ја тресе македонската јавност. Истата е поврзана со порнографска содржина и злупотреба на фотографии од малолетнички, како и нарушување на приватноста на малолетни лица.
Станува збор за првично постоечка група со име „Јавна соба“ на апликацијата Телеграм, која броеше над 7.400 члена. По обелоденувањето на информациите во јавноста, бројот на членовите на групата „Јавна соба“ од 7.400 денеска се намали на 600, а таа е преименувана во „Само за возрасни“, пренесува „360 степени“.
Полицијата го откри администраторот и ги има телефонските броеви на членовите на затворената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм на која, според сведочења на членови, еден месец се објавувани експлицитни фотографии и видеа на малолетнички од земјава, потврдуваат извори од истрагата.
Кога вчеравечер Радио МОФ и А1.он први објавија информација за постоење на ваква група на апликацијата Tелеграм, групата насловена како „Јавна соба“ имаше над 7.400 членови. Но, денеска бројот на членовите нагло опаднал на 600, а таа е преименувана во „Само за возрасни“, објави А1.он.
Прво дополнителната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска објави на Фејсбук, а тоа го потврди и техничкиот премиер Оливер Спасовски, Бирото за јавна безбедност веднаш започнало истрага, но повеќе детали засега не се откриваат.
„Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и активности за расчитување на случајот. Секторот за компјутерски криминал и форензика веднаш контактира со мрежата Телеграм, за добивање на потребните податоци околу функционирањето на оваа група и воедно го известивме за содржините што се објавени“, изјави претходно денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Известено е и Јавното обвинителство и се преземаат мерки за расчистување, а воедно апелира до граѓаните да пријават во полицијата злоупотреба на фотографии не само за овој, туку и за кој било друг случај.
Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкриељ истакна дека се работи координирано со Министерството за внатрешни работи и со Министерството за образование и дека во моментов немаат пријава од родители. Таа апелираше до сите родители кои имаат информација дека нивните деца биле изложени и биле дел од оваа група да се обратат до центрите за социјални рабoти за помош.