Златото со најниска цена во последните пет месеци


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Цената на златото во петок падна за три отсто од 1.219 УСД за унца и го достигна најниското ниво во пет месеци.

Златото мината недела заблеска само во првите неколку минути по шокот од победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на американските претседателски избори, кога порасна пет отсто, по што следеше продажба.

Во петок цената падна на 1.219 УСД, а причина за таквото сценарио се очекувањата за заострување на монетарната политика на САД и раст на вредноста на доларот.

Американската централна банка, Федерални резерви(Фед) веројатно, првпат од декември мината година, кога и започна циклусот на заострување на монетарната политика, ќе ги зголеми каматните стапки, кои во моментот се движат меѓу 0,25 и 0,5 отсто.

Веројатноста каматните стапки во декември да пораснат, берзанските учесници ги проценуваат на 75 отсто.