„Златната топка“ ја освојува Роналдо и ќе ја прими на врвот на Ајфеловата кула!?

ronaldo

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред две недели се прошири изненадувачката вест дека добитиник на Златната топка оваа година ќе биде Лионел Меси, причина за вакво нешто беше насловната страница на „Франс Фудбал“ која се појави во јавноста.

Магазинот кој ја доделува оваа награда наводно открил дека Меси ќе ја врати на најспрестижната индивидуална награда.

Како што тогаш пишуваа шпанските, а пренесуваа сите светски медиуми, Кристиано Роналдо кој смета дека ја заслужил оваа награда бидејќи во 2017 година со Реал стигна до титулата во првенството и Лигата на шампионите го побарал Меси и го прашал дали нешто знае во врска со тоа.

Меси тогаш не знаеше, но денес знае и тоа весникот од неговата Барселона. „Ел Мундо Депортиво“ пренесува дека Кристиано Роналдо и оваа година ќе ја освои наградата за најдобар фудбалер во светот и така со пет златни топки ќе се израмни со Лионел Меси.

Каталонскиот месиуми ексклузивно пренесува и посебна вест: Роналдо наградата ќе ја добие на врвот на Ајфеловата кула и ќе му ја предаде Давид Гинол.