Ѕирнете во најскапиот апартман на светот – цената за ноќевање е „боли глава“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најскапиот апартман на светот се наоѓа во Женева, во хотелот President Wilson, а едно ноќевање таму чини околу 60.000 евра.

Во апартманот наречен Royal Penthouse („Кралски апартман“), отседнувале најбогатите луѓе на светот за кои не било проблем да издвојат толкава сума кеш за ноќевање во 1.800 квадратни метри беозбразен луксуз и уживање.

Апартманот има вкупно 12 луксузно опремени соби со бањи од мермер и е еден од најголемите во Европа. Има огромна тераса со поглед на Мон Блан и Женевското езеро, а до него на осмиот кат се стигнува со приватен лифт и има максимално ниво на безбедност.

Гостите можат да уживаат и во теретана, базен како и билијард маса, а за оние кои се обожаватели на уметноста тука е и Steinway пијаното, како и збирката од стари книги и уметнички дела.