Ѕирнете во најлуксузниот хотел на светот (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Mriya Resort & Spa“ е руски летен центар лоциран во кримскиот град Јалта кој ја освои престижната награда на меѓународен конкурс за најлуксузен хотелски комплекс на светот.

Хотелскиот комплекс со 422 соби и приватна вила, се постира на површина од 270.000 метри квадратни. Отворен е во 2014 година.

Се наоѓа на јужното крајбрежје на Крим, во градот Јалта, а го дизајнираше славниот британски архитект Норман Фостер кој во своето портфолио ги има дизајните на Милениумскиот Мост во Лондон, кулата Херст во Њујорк и мадридскиот облакодер Торе Каха.

Рускиот хотел пред сѐ одушевува со својот изглед, но и со беспрекорната услуга што доби највисоки оцени на од организацијата World Travel Awards што му ја додели првата награда во кокуренција за најлуксузно одмаралиште.