Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Одбранбениот играч на Хрватска и Ливерпул, Дејан Ловрен, во чекор ги следи Кристиано Роналдо и Лионел Меси впуштајќи се во хотелиерскиот бизнис.
Следната недела на Паг ќе го отвори својот луксузен хотел со четири ѕвездички Joel, па дефанзивецот на Инстаграм се пофали со фотки од истиот.
Ловрен, кој овој викенд прв пат ќе игра во финале од Лигата на шампионите против Модриќ и Ковачиќ од Реал Мадрид, во проектот инвестираше три милиони евра.
Хотелот е проектантско дело на архитектонското студио Metrocubo.