Ѕирнете што се случува на Хендерсон – најзагадениот остров на светот со пластика


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ненаселениот остров Хендерсон е лоциран во јужниот дел од Пацификот. Познат е по својата богата флора и фауна. Самиот остров е еден од најдобро сочуваните корални гребени во светот кои се формирани со тектонските движења кои го издигнале земјиштето.

Но, во последните неколку години Хендерсон доби друга, негативна популарност, станувајќи најзагадениот со пластика остров на светот. Плажите од Хендерсон станаа едни од најзагадените со пластика на планетата Земја.

Интересен е фактот што никој директно не фрла пластично ѓубре на овој остров. Причината за големото присуство на пластичен отпад таму лежи во Јужните водни струења во Пацификот кои „оперираат“ меѓу Австралија и Чиле. Овој природен океанографски феномен на Хендерсон има однесено пластичен отпад кој потекнува од Русија, САД, Кина, Јапонија, Европа и Јужна Америка.

Според извештајот објавен во 2017 година, на островот биле присутни 38 милиони парчиња пластика.