Advertisements
Галерии

Ѕирнете како ќе изгледа новата луксузна јахта од Рафа Надал

По жестокиот и напорен Вимблдон, каде беше елиминиран од фантастичниот Роџер Федерер, Рафа Надал реши да се почести со нова луксузна јахта.

18- кратниот освојувач на Гренд Селм турнири , кој во кариерата заработил над 110 милиони долари нарачал од компанијата Sunreef Yachts катамаран долг 24 метри, направен специјално за него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yanes Yachting (@yanesyachting) on

Тенисерот со оваа нарачка оди неколку метри напред, бидејќи веќе поседува луксузна јахта покуса за неколку метри, која се вика Бетовен.

Новиот луксузен брод нема да биде завршен пред 2020, а ќе има неверојатен бар, повеќе палуби за сончање, хидромасажен базен и огромна гаража . На неа удобно ќе може да се сместат 12 пријатели на Надал. Јахтата би требало во септември следната година да биде претставена во Кан.

Додека не биде претставена новата мега јахта, Надал ужива на Бетовен, која е исто така импресивна.

Advertisements
To Top