Зимско искачување на Кабаш – видео кое ќе ве импресионира


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Врвот Кабаш 2391 мнв е сместен во срцето на Корабскиот масив издигнувајќи се над недопрената природа на долината на Длабока река. Со својата височина не се вбројува помеѓу највисоките врвови во Македонија, но сепак претставува еден од најатрактивните и највпечатливи врвови за искачување. Посебно во зимски услови, кога претставува посебен предизвик да се застане на неговата врвичност.

А видеото снимено со Александар Кирковски, кој во придружба на Благој Миленков – и двајцата одлични качувачи, посветени планинари и љубители на планинските висови, е прекрасен непосреден увид како изгледа да се искачи Кабаш во зимски услови, кога времето ќе те почести со прекрасна сончевина.