Зидан веќе добил понуда од Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бившиот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан веќе добил понуда од Манчестер Јунајтед и размислува дали да ја прифати, откриваат шпанските медиуми.

46-годишниот Французин е без ангажман од летото кога самиот го напушти Реал Мадрид, после третата освоена титула во Лигата на шампиони.

Зидан заедно со актиелниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино се посочени како главни фаворити за кормилото на „црвените ѓаволи“ после заминувањето на Мурињо.

Според „АС“, Зидан веќе добил понуда да го преземе кормилото на Манчестер Јунајтед на лето, но се уште не донел конечна одлука.

Французинот има амбиции да го води еден од најголемите клубови во Премиер лигата, но неговата прва желба е да седне на кормилото на Јувентус.

Доколку Алегри остане на кормилото на „старата дама“, во тој случај Французинот ќе му каже ДА на Манчестер Јунајтед.