Зидан пред финалето: Фудбалот е проста игра, треба да му нанесеш удар на противникот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не се согласува дека неговиот тим е фаворит во утрешното финале од ЛШ против Ливерпул.

На денешната пресконференција Зизу истакана дека шансите за триумф се подеднакви и ја кажа суштината на фудбалот во само една реченица.

„Ова е финале, во финале нема фаворити. И двата тима имаат подеднакви шанси. За да го подигнеме трофејот треба да одиграме одличен меч“, смета Зидан.

„За мене фудбалот е проста игра. Има два тима, а ти треба да знаеш како да му нанесеш удар на противникот и во исто време да можеш да ги контролираш евентуалните штети кој тој ќе ти ги нанесе. Треба да ја имаме топката што е можно подолго време, треба да ги ограничиме моментите на хаос“, заклучи Французинот.

За Реал Мадрид и Зидан ова ќе биде трето последователно финале во Лигата на шампиони.

„Тајната е во многу работа. Имаме талент, но основата е работа. Не е лесно да се стигне до финале и затоа сме исклучително среќни. Тоа е мојата страст, јас сакам да се натпреварувам, а кога си во Реал, можеш да постигнеш големи нешта“, изјави Зидан.