Зидан порача: Ковачиќ не е виновен, ништо не е готово!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан на пресконференцијата после поразот од Барселона истакна дека се уште ништо не е готово и го оправда изборот да го стави Ковачиќ во првиот состав.

Медиумите во Шпанија и фудбалските експерти сметаат дека токму Ковачиќ е најголем виновник за поразот, а Зидан истакна дека Хрватот добро ја завршил работата.

„Морам да одберам 11 стартни фудбалери и тоа е тоа. Ковачиќ мораше да внимава на Лео Меси и добро ја заврши работата“, истакна Зидан, а потоа порача дека битката за титулата не е завршена.

„Ние никогаш нема да се откажеме. Сега одиме на одмор, не треба да размислуваме за ова. Мораме да уживаме со семејствата, а потоа да се вратиме на работа. Не е готово“, заклучи Французинот.