Зидан и Перез го сменија мислењето, „кралевите“ во јануари тргнуваат по големо засилување?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Чилеанецот би можел да се врати во Шпанија

Договорот на Алексис Санчез со Арсенал истекува наредното лето, а веројатно продолжување со соработката со „топџиите“ нема да има.

Манчестер Сити се обиде да го доведе Санчез ова лето на „Итихад“, последната понуда беше испратена во финишот од преодниот рок, но Венгер не сакаше да се откаже од услугите на Чилеанецот иако наредното лето би можел да го изгуби без оштета.

Како што работите стојат во овој момент, Санчез според правилата веќе во јануари ќе има можност да се договори со новиот клуб, а според последните информации тоа би можел да биде Реал Мадрид.

Како што пренесува „Дон Балон“ претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез го сменил мислењето, веројатно на тоа го натерала моменталната ситуација во клубот, па во јануари ќе се обиде да го доведе поранешниот фудбалер на Барселона.

Зидан не би имал ништо против Санчез да пристигне на „Бернабеу“, сепак не сакаше да го доведе ова лето, но повредата на Карим Бензема го убеди Французинот дека му е потребен уште еден напаѓач.

Венгер одби да го продаде ова лето, но би можел тоа да го направи во јануари, ако сака од неговото заминување да заработи барем нешто.