Зидан: Нема конфликт меѓу мене и Бејл!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан категорични ги демантираше шпекулациите дека е во конфликт со Герет Бејл.

Велшкиот репрезентативец се врати после повредата, но остана на клупата за резерви на натпреварот против ПСЖ на „Паркот на принцовите“.

„Нема проблем помеѓу мене и Герет Бејл. Тој е важен играч, но во тимот има и други фудбалери, кои исто така се важни. Ние сме тим со многу играчи и играме многу натпревари“, изјави Зидан.

„Бејл влезе во игра против ПСЖ и покажа дека е многу важен за нас и јас ќе одлучувам за него до крајот на сезоната. Треба да избирам тим на секои три дена и тоа го правам“, додаде Французинот.