Зидан ќе седне на тренерската клупа од ПСЖ – веднаш ќе ја избрка ѕвездата од 200 милиони евра


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан е спремен повторно да и се врати на тренерската работа на лето.

Откако Дешамп реши да остане на селекторското место на француската репрезентација, Зидан ќе се врати на фудбалот, а познат е фаворитот за неговиот потпис.

Францусиките медиуми се сигурни дека Зизу ќе седне на клупата на Пари Сент Жермен, клуб кој го бараше и минатото лето.

Исто така медиумите тврдат дека Зидан по доаѓањето веднаш ќе ја отвори вратата за Нејмар. Французинот смета дека Брзилецот не му е потребен и дека не се вклопува во неговиот стил на игра.

ПСЖ за Зидан спремил долг договор до 2028 година со плата од 15 милиони евра плус бонуси.