Зидан ја прокоментира средбата со Погба!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и ѕвездата на Манчестер Јунајтед Пол Погба се сретнале во Дубаи за време на паузата за националните тимови.

Играчот од средниот ред замина за Блискиот Исток за да ја продолжи рехабилитацијата од повредата на глуждот што го мачи веќе некое време и ќе го пропушти неделното дерби со Ливерпул.

Зидан пак се најде на истото место во истото време поради учество во конференција поврзана со интеграцијата на вештачка интелигенција во спортската индустрија.

Оваа средба повторно ги разгоре шпекулациите за трансфер на Погба во Реал Мадрид, па неизбежно беше свој коментар да даде и Зинедин Зидан.

„Тоа беше чиста случајност. Се сретнавме и разговаравме, но ако ве интересира нешто повеќе од тоа, јас нема да ви кажам. Се знаеме долго, секако дека ќе размениме некој збор како пријатели“, изјави Зидан.