Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан сака во својот тим да го види фантастичниот Сенегалец, Садио Мане.
Како што е познато, Реал ќе прави реконструкција на тимот, а покрај Еден Азар една од најголемите желби на тернерот Зидан е токму Садио Мане.
Па така, „кралевите“ наводно одлучиле да понудат интересна размена. Тимот од Мадрид за Сенегалецот го нуди францускиот дефанзивец Рафаел Варан. Претходно, „Марка“ потврди дека Варан одбил да го продолжи договорот и побарал трансфер во летниот преоден рок.
Како што Французинот има желба да замине, така и Реал планира тоа да го искористи. Ќе го понуди на Ливерпул во замена за Мане и се надева дека од „Енфилд“ ќе стигне позитивен одговор.
Од друга страна пак, тимот од „Енфилд“ за овој 26-годишен Сенегалец постави висока цена и бара 130 милиони евра, па јасно е дека „кралевите“ ќе треба покрај Варан да платат и одредена сума на пари за да се реализира трансферот.
Денешното издание на „Марка“ тврди дека претседателот Флорентино Перез нема да жали пари за да ги исполни желбите на Зинедин Зидан, а Мане е на врвот на листата желби на Французинот.