Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид синоќа загуби со 2:1 на „Винсенте Калдерон“но тоа беше доволно „кралевите“ да се пласираат во ново финале од Лигата на шампиони.
Зидан после мечот не можеше да го сокрие задоволството и истакна дека е горд на своите момци, а особено го пофали својот сонародник Карим Бензема.
„Заслужено сме финалисти. Играчите се најзаслужни. Имавме проблеми на стартот од натпреварот, во првите 20-25 минути, но не бев загрижен, знаев дека ќе дојдат нашите минути. Во вториот дел бевме многу подобри со Иско и Бензема кои делуваа меѓу линиите“, изјави Зидан.
Тренерот на Реал е восхитен од потегот на Бензема, кој покрај тројца дефанзивци на Атлетико ја креираше акцијата по која Иско го постигна решавачкиот гол.
„Не знам како успеа да се извлече од таа ситуација. Фудбалот не се само головите. Задоволен сум како играше Бензема. Не беше стрелец, иако имаше една шанса“, истакна Французинот.
„Против Јувентус ќе биде специјален натпревар. Тие се клуб кој е многу важен за мене, кој го трасираше патот на мојата кариера како играч. Јуве ми даде се, но тоа е финале и ја сум тренер на Реал Мадрид, клубот на мојот живот. Ќе биде убаво финале, во тоа немам сомнеж“, заклучи на крајот Зизу.